Случај кој го шокираше Белград: Почина додека имал секс со двете љубовници истовремено


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минатата недела во Белград, од срцев удар, почина 56-годишен белграѓанец, но она што се случило после тоа толку многу ја заинтригира јавноста што заврши на насловните страници од српските таблоиди.

Како што пренесува српски Курир, пред неколку дека во белградската Брза помош заѕвонил телефонот, а во дојавата било пријавено дека маж доживеал срцев удар.

„Се јави една жена, рече дека на нејзиниот сопруг му се слошило и дека е во несвест“, вели анонимниот извор за медиумите.

Во болницата, покрај сопругата, стигнала и друга жена, која исто така се претставила како сопруга.

„Лекарите се обиделе да го реанимираат, но било предоцна за да се спаси човекот“, вели изворот.

Во утринските часови на двете жени им било понудено да ја потпишат посмртницата, но и двете одбиле да го направат тоа и ја откриле вистината.

„На медицинските сестри им откриле дека последните пет дена биле заедно сите тројца и имале интензивни сексуални односи“, вели анонимецот.

Обдукцијата покажала дека мажот консумирал кокаин за да може да одржува ерекција, а токму тоа било премногу за неговото срце.