Словенците се заканија дека ќе го напуштат првенството


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Словенечката ракометна репрезентација поради контроверзните судиски одлуки во првиот и во вториот натпревар, размислува за напуштање на Европското првенство во Хрватска.

Претседателот на Словенечката ракометна федерација, Фрањо Бобинц напомена дека Словенија сериозно размислува за напуштање на ЕП, но се уште немаат донесено конечна одлука.

Притоа, проблем за Словенците може да биде и казната која ќе ја добие Веселин Вујовиќ. Имено, Дури 80% од челниците на ЕХФ се за тоа Вујовиќ да биде суспендиран, поради неспортското однесување и директниот напад на челниците за време на пресконефернцијата.

Конечната одлука треба да биде донесена денес по состанокот на претседателот со членовите на Ракометната федерација на Словенија.

Од Федерацијата напоменаа дека „сериозно размислуваат да го напуштат Европското првенство иако се свесни за последиците за младите генерации“.