Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенскиот министер за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, изјави дека на словенската влада нема да ѝ предложи примена на дипломатски мерки против руската дипломатија како знак на солидарност со Велика Британија.
Словенечката влада денес треба да расправа за случајот на нападот со нервен отров врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипаљ во анлискиот град Солзбери.
Словенија е една од осумте земји членки на Европската Унија кои не се спроведоа дипломатски мерки со кои би изразиле солидарност со Лондон.
„Засега сметам дека пред сѐ е потребно да се расчисти она што се случи во Солзбери, станува збор за многу нејасен и бизарен случај“, кажа Ерјавец пред редовната средба на коалицијата која го одредува дневниот ред за редовната седница на владата.
Ерјавец уште на почетокот на оваа недела кажа дека Словенија засега не размислува за дипломатски санкции, односно симболично откажување гостопримство на еден руски дипломат од амбасадата на Русија во Љубљана, како и дека меѓународната истрага допрва треба да утврди што се случило во Солзбери.
Се истакнува дека Ерјавец денес на новинарите им кажа дека тој лично не гледа причина за таков потег и дека нема да го предложи, но дека за тоа ќе има расправа, па ќе се види што ќе биде заклучено.