Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најлошите поплави во историјата на Словенија убија најмалку шест луѓе, уништија куќи и затрупаа села со урнатини. Обилните дождови паѓаа во околу две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.
„Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра“, кажа премиерот објавувајќи ги најновите проценки во програма на јавната телевизија. Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно „да се направи сè и да се работи напорно“ и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство.
Голоб најави дека владата денес ќе донесе пакет за помош на директно погодените. „Сакаме на луѓето да им покажеме решение денес“, кажа премиерот, додавајќи дека времето за дејствување не треба да се брои во месеци и години, туку во денови и недели. Потребно е да се врати довербата на луѓето во земјата и иднината, истакна тој.
Поплавите кои ја зафатија Словенија изминативе денови може да се забележат и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на невремето.
4. kolovoza vs. 5. kolovoza
motivacija: https://t.co/WLROifjaaW
izvor: https://t.co/QSbOEvZZRd pic.twitter.com/fFuRq3rP8F— Ïvan Güttler (@IvanGuettler) August 7, 2023
Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а војската, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ги ослободат останатите и да ги расчистат улиците.
Словенечката агенција за животна средина соопшти дека поплавите почнале да се повлекуваат, но некои подрачја се сè уште отсечени.