Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенија ја тресе бура од реакции на јавноста откако словенечкиот весник Дело објави серија фотографии од триесетина вооружени и дел маскирани паравоени структури кои вежбаат во воен тренинг камп на границата со Хрватска.
Директорката на полицијата и министерството за правосудство на Словенија порачуваат дека тоа е недозволиво , а словенечкиот премиер од годишен одмор ја смирува нацијата.
„Словенија е безбедна земја”, порача премиерот Марјан Шарец.
Деновиве љубљанскиот весник Дело објави репортажа од тенинг кампот на т.н. ,,Штајерска стража” , самоорганизирана група луѓе, која се вежба по воени правила ,,за конфликтите кои се неминиовни”.
Тоа го вели водачот на групата Андреј Шишко , кој тврди и дека не се паравоена групација. Тој собрал 45 припадници на групата и ги вежба во планинско подрачје на 20 – тина километри од границата со Хрватска.
Кампот е формиран на приватно земјиште , а Шишко тренингот го пријавил во полиција од каде има дозвола.
За три дена од како почнал да работи кампот, сепак полицијата не го посетила истиот, иако таму има маскирани лица , како и оние кои вежбаат со вистинско оружје, пишува Дело.