Словенците го исмеваат својот претседател, а трендот се вика „борутање“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фејсбук групата “Boruting”, чии членови, инспирирани од минатонеделната фотографија која на Инстаграм ја објави словенскиот претседател Борут Пахор, се занимава со „тролање“ и потсмев на претседателот и има голема фреквенција на посетители и лајкови во краток период.

„Од Каиро, со носталгија“, дополнето со хаштаг #domotožje (носталгија) и #ljubodoma (најубаво е дома), во необична поза на претседателот беа доволно инспиративен материјал за интернет сеирџиите во Словенија.

Тоа, судејќи според реакциите на социјалните мрежи, меѓу Словенците во само неколку дена предизвика масовно хипстерско движење, односно тренд наречен “boruting” (на нашки веројатно ќе му дојде „борутање“), што во симболичен превод би значело сликање со тажен израз на лицето на некои скалила, или друго место, но со ист мотив на позирање.