Вебкафе

Слонови подивеа на прослава во Шри Ланка, 17 луѓе повредени (видео)

Најмалку седумнаесет лица се повредени откако два слона подивеле на традиционална годишна прослава во Шри Ланка и почнале да трчаат низ насобраните луѓе.

Слоновите биле дел од будистичка поворка која во саботата минувала низ градот Коте, кога одеднаш се вознемириле и почнале диво да трчаат низ толпата.

Сè уште не е утврдено што точно ги исплашило животните и зошто тие одеднаш почнале така да се однесуваат.

Advertisements
To Top