Сликата од смрзнатото кученце која го потресе Балканот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На социјалните мрежи во Србија, но и кај српските соседи, вклучително и кај нас, со експресна брзина се шири фотографија од смрзнато кученце во Зајечар, како предупредување дека има и кучиња скитници кои немаат каде да се сокријат од бруталните зимски студови кои го зафатија регионот. За жал, ова не е единственото кученце кое смрзна до смрт како последица на ниските температури овие денови, пишува Noizz.

Во центарот на Зајечар, членовите на Здружението за заштита на животни „Бета“ пронајдоа шест смрзнати кученца, а успеаја да спасат промрзната кучка и едно нејзино кученце.

Тие апелираат до сите луѓе ширум Србија, но и пошироко, да ја покажат својата хуманост така што ќе ги отворат вратите од своите домови за животните скитници, или барем да ги пуштат да се стоплат во гаражите, шупите или подрумите.

Ние би дополниле дека грижата за скитниците треба подеднакво да важи како за луѓето, така и за животните, бидејќи голем број несовесни чувари на домашни миленици, од негрижа или едноставно од што им поминал меракот и ќефот, ги пуштаат по улиците своите животни кои стануваат бездомни кучиња и мачки. Грижете се и за луѓето и за животните, подеднакво, оти е подеднакво благородно и добродушно.