Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не е никаква тајна дека Фејсбук знае премногу за нас, благодарение на сите информации и податоци кои ние најчесто доброволно му ги даваме „на тацна“, па врз основа на истите, оваа социјална мрежа создава слика за вас.
Огласите кои ви се прикажуваат, од чвели кои постојано ви се појавуваат покрај „newsfeed“, преку оние апарати за домаќинство кои сте ги гледале пред половина час, а сега ви се појавуваат и на Фејсбук, до препораките за дестинации за следното ваше патување, одредени се токму благодарение на таа слика која Фејсбук ја има создадено за вас. Ве интересира каква е таа?
Многу лесно можете да ја составите ако ги погледнете сите податоци кои Фејсбук ги регистрирал за вас. Посетете ја адресата facebook.com/ads/preferences и најлесно ќе добиете претстава за тоа.
Некои информации веројатно ќе бидат промашени, но некои се наежувачки точни.
Доколку сакате да отстраните некои од точните (или неточните) информации кои Фејсбук ги има за вас, едноставно кликнете на Х покрај нив. Пред да ја избришете информацијата, можете со клик на тој интерес да дознаете какви огласи врз основа на истиот ви предлагал Фејсбук.
Што уште Фејсбук поседува и знае за вас? Тоа е прашање на кое само тие го имаат одговорот.