Слепа тинејџерка сонува да стане новинарка – му направи интервју на Путин (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


17-годишната Регина Парпиева, и покрај нејзиниот хендикеп поради слепилото од кое страда, има една најголема желба и сон во својот живот – да стане новинарка.

На таа нејзина мечта во пресрет излезе лично рускиот претседател Владимир Путин, кој по годишната традиционална конференција за медиумите, ѝ ја исполни желбата на Парпиева која мечтае да стане новинар и ѝ даде дванаесетминутно интервју.

Путин, меѓу другото, искрено одговори на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното интервју, откако си разменија подароци, таа посака и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замоли Путин да му го опипа лицето. Путин се согласи, а Регина, откако со раката помина по неговото лице и главата, му рече „Вие сте многу убав и многу добар“.

„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговори Путин.

Регина го праша рускиот претседател што би сакал да добие како подарок за Нова година. Путин призна дека тоа прашање не е ни најмалку лесно и додаде дека најубавиот поклон за него би била констатацијата дека изминатата година имала позитивен признак и дека сите тешкотии во земјата се совладани. А што би посакал кога ќе избие полноќ. „Едноставно, сите желби да се исполнат“, одговори Путин.

Регина, инаку, има ретка болест од која во Русија боледуваат само десетина деца и за која не постојат стандардни методи на лекување. Таа ослепела кога имала осум година и оттогаш е врзана и за инвалидска количка. Кога имала десет години ѝ била пресадена коскена срцевина. Операцијата, која претходно им била правена само на возрасни лица, ѝ помогнала. Таа неодамна на Купот на Русија во пливање го освои второто место, пренесуваат руските медиуми.

Извор: Руска реч