Следната недела пекол – до 44 степени на Балканот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред нас е кулминација на летото со нов топлотен бран, кој според прогнозите ќе ги собори досегашните температурни рекорди.

Пеколно топло ќе биде на целиот Медитеран. Температурите наутро во текот на идната недела ќе бидат необично високи за ова време од годината од јужниот дел на Шпанија до средниот дел на Турција, а отстапувањето ќе биде најизразено во Италија, како и на нашите балкански простори.

Температурата на воздухот во непосредната околина може да се зголеми до 41 степен, со тоа што следната сабота се очекува температурата во дел од Хрватска да се качи до 44 степени. На Јадранското температурата ќе биде малку пониска, до 35 степени.