Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светски познатиот словенечки филозоф и икона на левицата Славој Жижек за Ченал 4 вели дека доколку би можел да гласа на американските избори, би гласал за Трамп.
-Тој е ужасен, но мислам дека Хилари претставува вистинска опасност. Таа изгради невозможна општествена коалиција во која ги вклучи сите, вели Жижек.
-Со Трамп се согласувам во една работа. Се сеќавате кога Берни Сандерс и даде поддршка на Хилари? Трамп тогаш исправно рече дека тоа е како некој од движењето Occupy Wall Street да и аде поддршка на банката Леман Брадерс, смета Жижек.
-Во секое општество постои мрежа на непишани правила кои пропишуваат како функционира политиката и како се доаѓа до консензус. Трамп тоа го растури. Во случај тој да победи и републиканците и демократите ќе мора да се врата на своите основи. Тоа се моите очајнички, многу очајнички надежи, вели Жижек во интервјуот за Ченал 4.
Иако признава дека Трамп носи голема опасност со себе, како што е изборот на исклучиво десноориентирани судии во Врховниот суд на САД, Жижек смета дека Клинтон претставува апсолутна инерција на општеството и тоа во најлоша смисла, „ладен воин поврзан со банките која се претставва како општествено прогресивна“.