Славните ѕвезди и нивните секс играчки – еве со што ве „дразнат“ ѕвездите (18+)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Индустријата за секс играчки е индустрија која од година во година има сè поголем замав и профит, а Forbes минатата година пишуваше дека некои предвидувања покажуваат оти оваа индустрија до 2020 година ќе надмине заработка од 50 милијарди годишно.

Оттука, не е некое изненадување дека многумина се обидуваат да влезат во овој бизнис, бидејќи она што до вчера беше забава за ретките кои се впуштаа во такви експериментирања, благодарение на сè полибералните погледи и ставови во мејнстрим медиумите, станаа нешто општоприфатено.

Меѓу оние кои намирисаа заработка се и многу славни фаци кои имаат сопствени дијзани на секс играчки. И додека во многу случаи станува збор за најобични сувенири за фановите, други во бизнисот се навлезени далеку посериозно.

Моторхед

Кога некој е легенда како фронтменот на Моторхед, Леми, сè може да се толерира. Па дури и серија вибратори со логото на групата. Доаѓаа во различни бои и големини, но нивниот влез на теренот со секс играчки не е случаен.

„Една од песните на нашиот прв албум се викаше Vibrator; па моравме еден ден да имаме и наш личен вибратор“, изјави Леми Килмистер.

Кармен Електра

Некогаш популарната спасувачка од Baywatch, Кармен Електра, заклучи дека е време за нов бизнис, па иницираше сопствена линија лубриканти кои доаѓаат во три варијанти кои, ако може да се верува на рекламата, треба да го разбудат вашиот сексуален живот.

Eurythmics

Последното нешто кое ви паѓа на памет кога ќе помислите на групата Eurythmics, веројатно се секс играчките. Но, Дејв А. Стјуарт во 2009 година лансираше скапоцен вибратор за кој, оној што сака да го поседува, ќе треба да искешира 1.400 долари. Изработен е од не’рѓосувачки челик и украсен со дијаманти, а во исто време служи и како пропусница за во бекстејџ зоната. Можеше да се обеси околу врат, а на врвката се наоѓаше и перце за свирење, за ретките моменти кога после користењето на вибраторот одлучите да „дрмнете“ некој хит.

Ghost

Познатиот метал бенд Ghost го лансираше еден од најопасните „сетови за уживање“. Станува збор за сет секс играчки наречени Phallos Mortuus Ritual, во кој се наоѓа дилдо во форма на фронтменот на групата, Пејп Емертус, бронзен butt plug со логото Grucifix на дното и документи за развод со печат од групата. Сето тоа се наоѓа во кутија со форма на Библијата и чини 200 долари. Малку сатанистички, но кој сака, може да повели.

Крис Џенер

Ако имате проблем со возбудувањето и „палењето“, можеби е време да го испробате изумот наречен „Вијагра за жени“, или попрецизно, маслото кое го зголемува сексуалното задоволство. Иако Крис Џенер тврдеше дека тоа ќе го врати „жарот во вашата врска“, како што видовме, Zestra не беше од голема помош за нејзината врска.

SOPHIE

Лондонските EDM продуценти SOPHIE исфрлија колекција синглови PRODUCT, а купувачите на албумот имаа неколку опции, од кои најинтересна секако беше Silicon Product, кој не е рекламиран како секс играчка, но да бидеме реални, не треба да имате многу расипана фантазија за да ви биде јасно за што станува збор.

Фара Абрахам

Иако истите производи ги имаат и многу порно актерки, Фара Абрахам спаѓа во онаа гранична категорија на очајнички кои почнаа како риалити ѕвезди, за најпосле залихите да пресушат, и да влезе во порно бизнисот. Тин мајката склопи договор со Topco Sales и направи реплика од сопствената вагина и гради, сето тоа изработено од CyberSkin материјал. Оттука, ако посакате да ја „опнете“ не нешто посебно надарената порно актерка, најбрз начин е да искеширате 250 долари за оваа играчка.

Том Г. Вориор

Бившиот фронтмен на Triptykon и Celtic Frost во 2011 година изработи две дрвени дилдо играчки во форма на Исус и додека на фановите им изгледаше како добар начин да им покажат среден прст на христијаните, стануваше збор за нефункционална играчка за секс, па и Вориор нагласи дека ова „ремек-дело“ е наменето само за гледање.

Rammstein

Откако го лансираа контроверзниот спот за песната Pussy, од албумот Liebe Ist Fur Alle Da, Rammstein одлучија да ја зачинат приказната и со едно посебно издание на албумот. Освен ЦД-то, во кутијата имаше и шест дилдо секс играчки со различни димензии, шишенце лубрикант и лисици. Накратко, сè што ви треба за на најдобар начин да уживате во нивната музика.

Tenacious D

Познатиот комичен рок тандем Џек Блек и Кајл Гас на својот сајт ја продаваат една од најинтересните секс играчки – крпа за сперма. Ако еднорозите и рептилите ве збунија и се прашувате за што станува збор, крпата за сперма е токму тоа, крпа со која можете да ја избришете спермата после мастурбацијата или сексот. Зошто? За да не трошите без причина хартиени марамчиња или чорапи кои ви се нашле при рака. Всушност, воопшто не е битно бидејќи ова е официјалната крпа за сперма на бендот Tenacious D, а сето останато се само крпи за сперма.

Motley Crue

Иако ја завршија кариерата, тоа не значи дека и понатаму немаат армија женски фанови кои се спремни да ги купуваат нивните вибратори со имињата од нивните песни. Четирите вибратори со средна големина и четирите мини-вибратори ја сочинуваат оваа неверојатна колекција наменета за вистинските женски фанови.

CocoLicious

Популарната Коко е сестрана старлета, а се испроба и во индустријата за секс играчки. Но, за разлика од многу други, нејзината понуда е неверојатна и тука може да се најде по нешто за секој. Од вибратори и butt-plug-ови, преку анални топки и прстени-масажери, па до марамчиња за интимна хигиена и анални релаксатори. Прогуглајте го ова последното, ќе ви биде јасно за што станува збор.