Славни

Славните и порно снимките: Кому сè му „протече“ домашно секс видео


Домашниот „порно филм“ од пред десетина година ја прослави Ким Кардашијан. Но, таа не е единствената чиишто снимки се појавија во јавноста. На листата е и нејзината мајка Крис Џенер. Оваа снимка е стара повеќе од 20 години.

Со Ким во клипот се појавува нејзиното тогашно момче, пејачот Џеј Реј. Ким тврди дека снимката е пуштена во јавноста без нејзино одобрение. Од компанијата што ја дистрибуирала во јавноста добила 5 милиони долари отштета.

Парис Хилтон на видео снимката е со тогашното момче Рик Саломон. Рик ја пуштил снимката во јавноста, ја нарекол „Една ноќ во Парис“, а по тужбата на Хилтон, ѝ исплатил отштета од 400.000 долари.

Памела Андерсон е една од првите актерки чие домашно видео се појави во јавноста. Снимката е од 1995 година, од медениот месец со музичарот Томи Ли.

Колин Фарел во 2006 година се обиде да го спречи објавувањето на домашното видео со тогашната девојка Никол Нараин, дури и понудил 5 милиони долари за снимката да не излезе во јавноста, но неговиот клип од 13 минути може да се најде на интернет.

Снимката на Хaлк Хоган ја објави порталот Гаукер. Хоган ги тужел и добил 115 милиони долари за нарушување на приватноста и емотивна болка.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top