Славниот тренер го одби Челзи, Конте останува…за сега


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челзи нема да го отпушти тренерот Антонио Конте и покрај серијата на лоши резултати, дознава „Би-Би-Си“.

Челзи на 10 натпревари во 2018 година понеди само два пати, при тоа на последните два меча во Премиер лигата прими седум гола, а постигна само еден.

Раководството на „сините“ е разочарано од резултатите, но „Би-Би-Си“ пренесува дека одлучило да му даде времена доверба на Италијанецот.

Единствена причина поради која Конте се уште е на кормилото на „сините“ е фактот што Луис Енрике ја одбил понудата. Шпанскиот тренер не сака да го преземе тимот на средина од сезоната, туку на лето.

Челзи и понатаму е во трка за место во Топ 4 во Премиер лигата, игра во осминафиналето од ЛШ, и се бори за трофеј во ФА Купот.