Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Музичарот Малума, чие вистинско име е Хуан Луис Лондоњо Ариас, беше ограбен за време на Светското првенство во Русија.
Малума отседнал во хотелот „Four Seasons“, недалеку од Кремљ и Црвениот плоштад во Москва, а додека не бил во собата на 14 јуни, некој ја ограбил неговата соба и му украл накит вреден околу 600.000 фунти.
Колумбискиот пејач грабежот го пријавил во полоција, а разбојникот или разбојниците му украле златна белезица од Картие, шест пара обетки, часовници, прстени, луксузни очила за сонце и торбички со потпис од Луи Витон.
Малума тврди дека во собата го немало само 35 минути, поради што руската полиција се сомнева дека бил ограбен од еден или повеќе членови од неговата екипа, пишува The Mirror.
Инаку, музичарот е во врска со 26-годишната сексапилна убавица Наталија Барулич, американска манекенка чии родители се од Хрватска и Куба, а има позирано за насловни страни на Maxim и Esquire.
Малума на Инстаграм го следат над 33 милиони луѓе, а има настапувано со Шакира и Паф Диди.