Славниот пејач демантира: „Не држам жени во заложништво!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Музичката R’n’B ѕвезда Ар Кели ги демантираше обвинувањата против него дека држи жени во виртуелно заробеништво, контролирајќи ги сите аспекти на нивниот живот. Пејачот, кој има 50 години, изјави дека е „вознемирен и загрижен” од обвинението подигнато против него.

„Господинот Кели категорично ги отфрла ваквите обвинувања и ќе работи напорно и енергично да ги победи своите обвинители и да го исчисти својот образ”, изјави неговиот адвокат Линда Менш во соопштението.

Претходно денеска онлајн медиумот BuzzFeed објави материјал, во кој се наведува дека шест жени живеат во куќа крај американскиот град Атланта и во студио во Чикаго, каде Кели го контролира нивниот режим на исхрана, начинот на нивното облекување и сексуалните контакти, кои подоцна ги снима. Родителите на една од наводните жртви одржаа прес-конференција пред куќата крај Атланта и изјавија дека немаат контакт со нивната 21-годишна ќерка. Според зборовите на мајката Џонјелин Саваж нејзината ќерка е со „испран мозок”.

„Ние само сакаме тој да ја ослободи и да ѝ овозможи да продолжи со животот”, рече таа. Во исто време ќерката Џојслин Саваж негираше дека прави нешто по принуда во интервју за животен стил сајтот TMZ.

Ар Кели, кој во дел од времето живее во „Трамп Тауер” во Чикаго, е еден од најпознатите арендби изведувачи, но во последниве години неговото име се поврзува главно со скандали. Во 2008 година тој беше ослободен од обвиненијата за поседување на порнографски содржини со деца, како тогаш кога Chicago Sun Times објави дека тој имал сексуален контакт со малолетници. Блиски на изведувачот го опишуваат пред BuzzFeed како личност слична на култ кој ги држи под контрола своите жени, вклучувајќи и такви кои сакаат да се занимаваат со музика.