Славниот НБА кошаркар запроси манененка на Burning Man додека беше топлес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


НБА ветеранот Џоаким Ноа ја запроси манекенката на Викторија Сикрет, Лаис Рибеиро и тоа на познатиот фестивал Burning Man.

28-годишната манекенка ја објави среќната вест на Инстаграм. „Малку доцнам со фотките од Burning Man и се разбира дека не сум го допрела телефонот 5 дена и немам ниедна фотографија, но му благодарам на мојот најдобар пријател, фати еден од најдобрите моменти во мојот живот“, напиша таа.

„Ноа ме изненади на моето омилено место и ме запроси. Не можам да бидам посреќна. Луѓе, ќе се земеме“, додаде таа.

Ноа кој минатата сезона играше за Мемфис Гризлис, пак на Инстаграм напиша дека запросувањето било најлесната одлука во неговиот живот и додаде дека сцените од фестивалот никогаш нема да ги заборави.

Парот почна да излегува од 2018г, а на социјалните мрежи им пристигнуваат честитки од сите страни.