Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британските таблоиди тврдат дека 28 годишниот мегапопуларен пејач Ед Ширан тајно се венчал со својата партнерка Чери Сиборн пред Божик, минатата година, на церемонија на која не биле повикани ниту неговите најблиски пријатели.
„Ед се ожени само неколку дена пред Божик , беше многу тајно. само најблиските школски пријатели на Ед , членовите на потесното семејство и свештеникот беа присутни. Имаше само 40 лица, без Тејлор Свифт , издавачката куќа, членови на кралското семејство, славни пријатели. Не сакаше метеж, туку нешто што ќе биде само за нив, само мала зимска свадба”, вели пријател на пејачот.
Прославата за поширокиот круг пријатели наводно ќе биде организира летово. Ед и Чери се верија во декември 2017.