Advertisements
Славни

Славниот мексикански фудбалер со стил му го „спушти“ на Трамп за ѕидот

Поранешниот фудбалер на Барселона и капитен на Мексико, Рафа Маркез испрати порака на социјалните мрежи по наредбата на предсетелот на САД, Доналд Трамп да се гради ѕид на границата со Мексико.

Дефанзивецот ги потсети своите сонародници и претседателот на САД дека ѕидовите можат да се надминат, и тоа го стори на брилијантен начин, постирајќи видео на кое постигнува гол од слободен удар додека го носеше дресот на „Каталонците“.

Покрај видеото, Рафа Маркез напиша: „Нема ѕид кој може да не сопре доколку веруваме во самите себе”.

Advertisements

Најпопуларно

To Top