Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската рок ѕвезда Лени Кравиц денес, 3 мај, во ВИП арената „Борис Трајковски“, ќе го одржи својот закажан и долгоочекуван концерт пред македонската публика.
Тој пристигна во Скопје два дена пред настапот и веднаш се рашета низ Старата скопска чаршија, уживајќи во сета нејзина егзотика и шарм, притоа фотографирајќи се и со обожавателите кои го сретнаа.
Кравиц вчерашниот ден го искористи за да се прошета низ Старата скопска чаршија, каде одлично расположен делеше автограми и се фотографираше со своите обожаватели.
Лени, со прилично непосредно и приземно однесување и расположение, се поздравуваше со минувачите, насмеан, стрпливо позираше со фановите, седеше до уличните свирачи и се забавуваше во сета онаа егзотичност и уличен шарм кои ги нудат сокаците на Старата чаршија.
Легендарниот музичар објави видео на својата страница на Фејсбук, во чиј опис напиша: „Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе“.