Славниот диџеј Авичи погребан дури два месеци по смртта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светски познатиот диџеј Авичи беше погребан пред два дена на приватна церемонија на која присуствуваа најблиските членови на семејството и пријателите, дури после два месеци од неговата смрт.

Погребот се одржал во родниот Стокхолм на познатите „шумски“ гробишта.

Авичи беше пронајден мртов на 20 април во хотелско одморалиште во Оман, под околности дека се самоубил на 28 годишна возраст.

Сепак и два месеци по смртта се уште не е објавена вистинската причина за смртта на музичарот, а неговото семејство во еден наврат откако во медиумите се пишуваше дека тој се самоубил откри дека нивниот син се борел со црни мисли.

Тие додаваат дека музичарот бил нежна уметничка душа и осетливо момче кое не било доволно силно за машинеријата во која прерано влезе. Него го мачеле и филозофски мисли околу значењето на животот и поимот за среќа, но и дека сакал да го пронајде својот мир.