Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реакциите на јавноста во врска со самоубиството на најпознатиот светски гастро-патеписец Ентони Бордејн уште не стивнуваат.
Додека повеќето го сожалуваат и предупредуваат на стравичните последици од депресијата, има и такви кои пишуваат малку поинакви муабети.
Еден од нив е и славниот холивудски актер Вал Килмер, кој се почувствува повикан преку статус на Фејсбук да го искаже својот став за самоубиството на Бордејн, поради што се најде на мета на критики од обожавателите на кулинарот.
„Себичност. Огромна Болка. Темнина. Колку си бил далеку од спознанието дека светот те обожава? Луѓе од сите страни на планетата те сакаа. На сите ни даде причина многу да ти се лутиме. Тоа е толку себично“, беа воведните зборови на Килмер во малку подолгиот текст кој го објави на социјалната мрежа, во кој самоубиството го нарече „најсебичниот чин кој човек може да го направи“.
„Еден свештеник ми рече дека самоубиството е најсебичниот чин кој едно човечко суштество може да го направи. Не постои ништо понехумано од хипнотизирачката претстава која дава лажна слика на очај и ја тера жртвата да помисли дека веќе нема ништо од животот. Дека нема што да даде, ниту што да прими“, продолжи Килмер.
Актерот додаде дека е очаен, тажен и лут и дека Бордејн можеше уште толку многу да пружи.
„Си замина прерано, пријателе“, порачува на крајот од статусот, а потоа следеа бесните коментари од обожавателите на Ентони.
„Личноста која самоубиството го поврзува со себичноста очигледно не знае каков пекол е депресијата“, „Засрами се. Наместо да се обидеш да ги охрабриш оние кои преживуваат слични работи, ти покојникот го нарекуваш себичник и му се лутиш“, „Господине Килмер, ако не сте имале работа со депресија, не знаете за што зборувате“, беа само некои од лавината коментари.