Славниот актер од „Војна на ѕвездите“ почина од последици на коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот актер од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите„ Ендру Џек, почина на 77-годишна возраст од последици од коронавирусот.

Џил Мекала, застапник на актерот кој беше и учител по акцент на познатите, изјави дека неговиот клиент почина во вторникот наутро во болница во околината на Лондон, по компликации предизвикани од вирусот КОВИД-19.

Таа наведе дека сопругата на актерот не можела да биде покрај Ендру поради тоа што се наоѓа во карантин во Австралија, како и дека нема да може да одржи соодветен закоп поради условите што ги диктира глобалната пандемија.

Неговата сопруга напиша на Твитер: „Денес изгубивме човек. На Ендру Џек му беше дијагонистициран КОВИД-19 пред два дена“.

Џек стекна светска слава преку работата на серијалот „Војна на ѕвездите“, делумно како актер, делумно како учител по акцент, а негова заслуга е што Британецот Џон Бојега во улогата на Фин имаше таков американски акцент.