Славни холивудски парови кои се заедно и покрај разликата во годините


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На многу холивудски парови разликата во години не им претставува никаков проблем. Таа разлика варира од 10 години па се до 46 години разлика. 

Ники Рид и Ијан Сомерхолдер: 10 години

Рид која има 29 години и 39-годишниот Ијан се во врска од 2014 година. А се венчаа во 2015 година и имаат една ќерка.

Адам Лавин и Бехати Принслу: 10 години

38- годишниот Лавин се ожени со 10 години помладата Принслу која работи како модел. Имаат една ќерка и очекуваат уште едно бебе.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс: 11 години

Блејк и Рајан се сретнале на снимањето на филмот „Green Lantern“, по што станале пријатели. А од 2011 година пријателството прераснало во врска. Имаат две деца, по име Инес и Џејмс.

Мајкл Фасбендер и Алиша Викандер: 12 години

Викандер (28) и Фасбендер (40) се во врска од снимањето на филмот „The Light Between Oceans“ и сеуште се заедно.

Џеј-Зи и Бијонсе: 12 години

Заедно се од 2001 година, а се венчаа во 2008 година. Овај пар има син и две ќерки.

Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес: 13 години

Џекман (48) и Дебора (61) задно се повеќе од 20 години, а се сретнале на снимањето на серијата „Correlli“. Се венчале во 1996 година, и имаат посвоено две деца.

Камила Алвес и Метју Меконахи: 13 години

47-годишниот Метју ја запозна Алвес која има 35 години во 2006 година. А се венчале 6 години подоцна. Имаат два сина и една ќерка.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин: 13 години

31-годишната Меган и 44- годишниот Брајан се сретнале кога Меган имала 18 години. Се венчале во 2010 година и имаат три сина.

Амал и Џорџ Клуни: 17 години

Џорџ (57) ја запознал Амал (40) во 2013 година на забава која ја организирале заеднички пријатели. Овај пар се венчале во 2014 година и имаат близнаци.

Џејсон Статaм и Роузи Хантингтон-Вајтли: 20 години

50-годишниот актер и моделот Роузи се во врска од 2010 година, а се венчаа во 2016 година.

Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс: 25 години

Кетрин (47) и Мајкл (72) се запознале на филмски фестивал во 1998 година. Се венчале две години подоцна. Имаат две деца.

Дик ван Дајк и Арлен Силвер: 46 години

91- годишниот Дајк во 2012 година ја запросил Арлен која е професионална шминкерка, која има 45 години.