Славната убавица принудена да се правда дека немала секс афера: „Не спиев со него!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светски славната манекенка Бела Хадид, под притисок на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, комбиниран со медиумска фама, се најде во непријатна ситуација да мора да се правда и да демантира дека немала секс афера со популарниот рапер Дрејк, откако беше бомбардирана со многубројни коментари и прашања сакајќи за тоа во каков односи се тие двајца.

Дрејк на својот нов албум рапуваше за манекенка, а измислениот лик од текстот на песната обожавателите на Бела многу потсетил на славната убавица, па следувале лавина на коментари и прашања од љубопитните обожаватели.

A post shared by ? (@bellahadid) on

„Сакам нашето бебе да ги има твоите очи, да дојдам во Њујорк, не можам да се одлучам, Модната недела е повеќе за тебе…и ти и твојата сестра, премногу сте жешки”, рапува Дрејк во една од песните од новиот албум “Scorpion”.

Интернетот буквално гореше после оваа песна, а фановите веднаш се посомневаа дека Дрејк во новата песна зборува за Бела Хадид, со оглед на тоа дека напомена сестра, па се претпоставуваше дека тоа е Џиџи Хадид.

Бела беше принудена јавно да им одговори на сите:

„Не спиев со него. Зошто луѓето не можат да бидат само пријатели, без вакви инсинуации? Ова навистина е срамота”, напиша таа.