Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Австралиската пејачка Кајли Миног се пофаи со најнова фотографија на која позира таа, а нејзните фанови и следбеници веднаш ги воочија деталите поради кои ја обвинија дека фотката е обработувана во Фотошоп.
Поп ѕвездата Кајли Миног гордо објави фотографија од календарот за 2018 година за кој позираше таа, не насетувајќи дека истата ќе предизвика бура од негативни реакции и револт кај нејзините фанови.
На прв поглед на фотографијата се гледа убавата, свежа и насмеана Кајли, како и нејзината „задница“ во секси кратки панталонки со висок струк. Но, просторот зад неа?
Фановите ја забележаа чудната и искривена линија на белиот ѕид зад неа, како и ногалката од столот која има неправилна форма.
„Кајли, фотографијата е преполна со Фотошоп. Те молам, среди го тоа“, „Здраво Кајли. Изгледаш одлично и секси. Но, што не е во ред со столот и ѕидот зад тебе?“ беа само многу мал дел од коментарите од фановите кои се движеа генерално во критизерска насока.