Славната манекенка: Бев понижувана, ми раскинуваа поради бизарна причина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секој прекин на врска е мачно искуство, а со тоа сите ќе се согласат во целост. Но, причините за раскинување, изгледа, не познаваат граници, па така истите можат да бидат од буквално смешни, до прилично сериозни, па и крајно бизарни.

Супермоделот Ешли Греам призна дека многу момци во минатото раскинувале со неа од една конкретна причина, која слободно можеме да ја дефинираме како бизарна, глупава и бесмислена.

Во интервјуто за Peolpe, Ешли проговори за својата борба со килограмите и да им порача на сите девојки кои минуваат низ истите маки дека не се сами, пренесува Hello Giggles. „Го проживеав истото што го минуваат и тие. Проживеав тортура и бев нарекувана со погрдни имиња. Минав низ тортура кога дечките раскинуваа со мене затоа што се плашеа дека во иднина ќе станам уште подебела“, раскажува искрено Ешли. И да, оваа причина е сериозно бизарна.

„Важно е како со тоа се носите наутро“

Иако оваа борба и понатаму продолжува, Ешли признава дека од ден во ден се труди да се прифати себеси и не се замара со туѓите коментари.

„Понекогаш се будам наутро и мислам дека сум најдебелата жена на светот. Но, вушност, се работи за тоа како се носите со таа мисла наутро. Јас се гледам во огледало и сама себеси си докажувам дека сум вредна. На доста едноставен начин. Ќе си кажев ’Ти си храбра. Генијална и прекрасна‘. А ако мојот стомак тој ден беше посебно нагласен, и нему ќе му кажев: ’Стомаче, преслатко си‘. И тогаш го имавме заедничкиот момент. Ако беа колковите истакнати, им велев: ’Ве сакам, колкови мои‘“, искрено признава Греам.