Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кајла Итсинес е гуру инструкторка во светот на фитнесот која од нејзината љубов кон здравиот начин на живот и вежбањето буквално изгради империја.
Само на Инстаграм Кајла има 9,2 милиони следбеници, а често ги расположува со кратки видео-тренинзи на кои им открива како ја одржува завидната форма.
Посебно импресионира со своите перфектно дефинирани и извајани стомачни мускули, за кои на една своја објава откри топ пет вежби со кои ги одржува. Овие вежби можете да ги правите и сами дома, без да одите во фитнес сала, а сè што ви треба е некој потежок предмет, со цел вежбите да бидат што поефикасни.
Како што открива Кајла, таа користи тежини помеѓу 8 и 16 килограми, но вие можете да си ја прилагодите истата според вашата кондиција. Овие вежби таа ги препорачува во три серии од по 15-20 повторувања на секоја вежба и тоа го опишува како совршена рутина за цврст стомак на кој сите ќе ви завидуваат.