Славната Буба е повеќе од автомобил – таа е топол дом


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема сомнеж дека Volkswagen Beetle, позната и скратено како „Буба“, е едно од најиконичните возила на сите времиња, но малиот простор кој го нуди во својата внатрешност ја прави малку покомплицирано возило кога станува збор за подолги патувања.

Поради тоа, во веќе не така блискаите 1970-те години од минатиот век, некои дизајнери решија да се погрижат и за овој недостаток на култното возило, правејќи ги некои модели на славната „Буба“ далеку покомотни претворајќи ги буквално во подвижни куќарки на тркала.

Едно од најинтересните идејни решенија во рамки на овие експерименти беше таканареченото „Bug Campers“.

My Star Collection пронајден еден од овие примероци на саем за автомобили во 2016 година, кој сè уште ги имаше оригиналните материјали од кои беше изработена надградбата.

На предното седиште од возилото имаше и примерок од Mechanix Illustrаted списанието на чија насловна страна беше редизајнираната RV Beetle.

Во надградбата имало простор за кујна, но не и за кревет. Но, евидентно е дека ако уште повнимателно се редизајнирал ентериерот, кујнската маса лесно може да се претвори во кревет со едноставно спуштање.

Овој примерок во 1975 година бил продаден за 6.000 долари, но не директно преку Volkswagen, туку преку трети компании.