Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Меган Џејн Краби, поради својот позитивен став за физичкиот изглед, претставува пример за многу жени на социјалните мрежи, од сите страни на светот, а само на Инстаграм ја следат 650.000 луѓе.
24-годишната блогерка од Есекс ја надмина анорекцијата, па често објавува свои фотографии од тоа време, паралелно споредени со нејзиниот денешен изглед, нагласувајќи дека денес, со повеќе килограми, се чувствува многу подобро. Сепак, постојат многу луѓе кои сметаат дека таквиот нејзин став за животот и изгледот не е добар, па редовно ја опсипуваат со невкусни коментари на кои таа реши да им одговори јасно и прецизно.
„Зошто си одлучила да го УНИШТИШ своето тело? Не сум одлучила да го уништам, туку сум одлучила само дека не сакам да минувам низ таква тортура секој ден за да се вклопам во форма каква што никогаш не сум требало да изгледам. Но, изгледаше многу поздраво претходно. Чудно, бидејќи и ти мене претходно ми изгледаше поинтелигентно, пред да ја изедначиш тежината со здравјето и да заборавиш дека психичкото здравје е исто така вид на здравје. Си можела да останеш на истата тежина и да си го сакаш своето тело. Можев да останам иста и повторно да се разболам од анорексија, од која речиси и да умрев на 15 години. Можев да продолжам да се изгладнувам и опсесивно, со саати, да вежбам секој ден, но никогаш не би се сакала самата себе. Колку килограми и да изгубев, секогаш ќе најдев нешто што го мразам на себе. Ова е моето среќно тело. Но, сигурно не си среќна со такво тело, јас никогаш не би можела да бидам среќна ако изгледам така. Ни јас не мислев дека ќе можам, но изгледа дека среќата не е величина. А премногу години потрошив мислејќи дека е. Сега луѓето сакам да знаат дека заслужуваат среќа и ментална слобода баш онакви какви што се. Затоа, на секој кој го чита ова му порачувам: Се надевам дека ќе си ја пронајдеш својата слобода, како и да изгледа таа“, напиша блогерката.