Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од највлијателните блогерки на светот, познатата Фара Дукаи, тврди дека ги оживеала косата и кожата благодарение на „волшебната“ мешавина за која тврди дека секој доста едноставно може сам да си ја направи дома.
Убавата бринета откри дека мешавината, чија главна состојка е јаболков оцет е заслужна за одржување на нејзината кожа чиста и хидрирана, коса сјајна и долга, како и дека загубила на тежината побрзо отколку што очекувала.
Ова е нејзиниот рецепт:
– 1/2 чаша (од 250-300 мл) вода
– 1 лажица јаболков оцет
– 1/2 чаша свежо исцеден сок од јаболко
– цимет колку што сакате
Употреба
За коса
Добиената мешавина истурете ја во шише со распрснувач, а откако ќе ја измиете косата на вообичаен начин, испрскајте ја со оваа смеса и потоа добро масирајте ја кожата на главата. Исплакнете само со вода. Повторувајте го овој третман најмногу еднаш неделно.
Јаболков оцет содржи оцетна киселина која го чисти скалпот од производите што ги применувате секојдневно, додека неговото антимикробно дејство убива бактерии и бактерии кои предизвикуваат првут. Исто така – тоа ја прави вашата коса да изгледа посјајна и и дава волумен, додека сокот од јаболко и цимет го зајакнуваат растот на косата.
За кожата и за губење на телесна тежина
Оваа мешавина треба да ја пиете еднаш дневно, но не заборавајте да користите сламка за да не „страдаат“ забите.
Оваа мешавина ги „убива“ акните, влијае на блескава и здрава кожа, го зајакнува имунолошкиот систем, ја регулира гликозата во крвта, контролира повремени напади на глад и гори маснотии.