Славната актерка ја уценуваат со порно снимка за 500.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерката Миша Бартон повторно се најде во центарот на вниманието на таблоидите, откако во јавноста протече информација дека засега непознат маж ја уценува со објавување на видео на кое е снимено како таа има сексуален однос.

Уценувачот бара од актерката да му исплати 500.000 долари за да не го објави видеото, за кое наводно биле заинтересирани неколку порно сајтови.

„Ова е последно нешто што на Миша и треба сега во животот“, изјави еден нејзин пријател.

Пред неколку месеци Миша беше главна тема во таблоидите кога беше објавена видео снимка на која таа од балконот на својот дом им зборуваше бесмислици на соседите и ги навредуваше. По ова таа беше хоспитализирана, при што беше соопштено дека немала нервен слом, туку дека била под дејство на наркотици.

„Бев во болница за да побарам стручна помош, затоа што некој ми ставил дрога за силување во пијалакот. По прегледот сум дома и добро се чуствувам“, изјави тогаш Бартон за магазинот „Пипл“.