Славје во Тотенхем: Најголемата ѕвезда стави потпис!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди на Тотенхем – Деле Али стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „спарси“ до 2024 година.

Една од најважните стартегиски цели на Тотенхем беше да го обнови договорот со младиот играч за врска, кој денес стави потпис на нов 6-годишен договор.

Деле Али пристигна во Тотенхем од МК Донс во 2015 година и брзо се етаблираше во клучна фигурна во тимот, но и во англиската репрезентација.

22-годишниот Англичанец до сега одигра 152 натпревари за Тотенхем на кои постигна 48 гола.

За него силен интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но Тотенхем со новиот договор ја „блиндираше“ својата ѕвезда.