Слави Трифонов излегува од владината коалиција со премиерот Петков – причината е Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов преку вонредно обраќање за јавноста денеска објави дека ги повлекува министрите од владината коалиција, како причина ги наведе Македонија и економската ситуација.

– Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од Народното собрание, различна од онаа што ја декларира ИТН. Премиерот има друг министер за надворешни работи, Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го укине ветото за Македонија и прави се што е можно тоа да се случи, и покрај барањето на голем дел од бугарските граѓани во Македонија, да се исполни договорот меѓу двете земји од 2017 година. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се вика национално предавство, истакна Трифонов со која извесно е дека ќе следува пад на владата на Кирил Петков.