Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На овогодинешното издание од традиционалниот минхенски фестивал на пивото Октоберфест, кој заврши во неделата, според статистичките податоци кои ги изнесоа организаторите, испиени се дури 200.000 литри пиво помалку од минатата година.
Манифестацијата оваа година ја посетиле 6,3 милиони луѓе, приближно исто како минатата година, а тие купиле 7,3 милиони литри пиво. Од отворањето на 21-ви септември со пиењето се изеле вкупно 129 волови и 29 телиња, пренесува порталот „Investitor.me“.
„Овогодинешниот Октоберфест беше мирен со опуштена и весела публика“ рекол на кројот од фестивалот директорот Клеменс Баумгартнер.
Неговата изјава ја потврди и полицијата, која соопшти дека оваа година е забележан значителен пад на криминалот во однос на минатата година. Имало помалку проблеми поврзани со прекумерно консумирање на алкохол, па лекарите интервенирале во 600 случаи, што е за 120 помалку од минатата година.
Традицијата за одржување на Октоберфест, кој се смета за еден од симболите на Германија, почнала на 12-ти октомври 1810-та година.
Подоцна фестивалот е преместен за поран термин, заради поубавото време. Од 1810-та година, Октоберфест не е одржан само 24 пати. Откажуван е за време на епидемијата на колера, хиперинфлацијата во дваесеттите години и за време на двете светски војни.