Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Редовно и правилно вежбање во комбинација со здрава и умерена исхрана е добитната формула за успех во обидот да ги симнете вишокот килограми и да ја подобрите лиијата.
Сепак, кога ќе ја усогласите рутината за гореспоменатата комбинација, како дополнителна помош во слабеењето можете да вметнете уште неколку стратегии кои ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната цел т.е тежина.
1) Јадете исклучиво оброци на маса
Доколку вообичаено јадете додека работите на компјутер, одговарате на пораки на телефонот, гледајќи телевизија или читајќи книга, време е да запрете. Британски истражувачи анализирале резултати од 24 студии поврзани со вакво „расеано“ јадење и заклучиле дека не само што оние кои вака се хранат консумираат поголеми количини на храна, туку и дека јадат повеќе во тек на денот.
Затоа, јадете ги главните оброци (појадок/ручек/вечера) каде што е местото за тоа, на трпезариската маса, и бидете фокусирани само на нив. Ова ќе му помогне на телото правилно да ја процесира количината на храната која ја јадете, правејќи ве посити на крајот на оброкот.
2) Јадете од помала чинија
Преполовување на големината на чинијата може да ви помогне да јадете 30% помалку, па така се препорачува оброците да си ги сервирате во помали чинии или садови.
3) Спијте доволно
Истражувањата покажале дека што помалку часа се спијат, толку повеќе се носат лоши одлука во врска со храната наутро. Кога сме премногу уморни, потребни ни се повеќе шеќери во појадок за да не „освестат“, што негативно влијае на метаболизмот а со тоа и на тежината
4) Инвестирајте во завеси кои не пропуштаат светлина
Премногу светлина во спалната соба го отежнува слабеењето, според студија од 2014 објавена во американскиот епидемиолошки журнал.
Истражувачите ги анализирале навиките за спиење и тежината на повеќе од 113 000 жени во период од 9 години и откриле дека оние кои спиеле во најтемните соби имале 21% помали шанси за да имаат преголема тежина, во споредба со оние кои спиеле во најсветлите соби. Причината за тоа е што светлината ја инхибира продукцијата на хормонот кој не прави поспани. Уште едно решение за овој проблем е користење на маска за спиење која ги покрива очите.