Слаба меморија: Чавков не можеше да се сети дали лично издал наредба за апсење на Бошкоски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Митко Чавков, на денешното сведочење во рамки на случајот „Тортура“, изјави дека не се сеќава дали тој лично издал наредба за апсење на Љубе Бошкоски.

Тој не се сеќаваше ниту дали во периодот на 2001 година Одделот за организиран криминал на кој бил началник можел да снима во затворени простории, ниту пак знаеше кој снимал за време на апсењето на Бошкоски. Како сведок во постапката за „Тортура” , Чавков откако даде заклетва и се претстави, на голем број од прашањата на обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе одговори со „Не се сеќавам” и дополни дека од периодот за кој го прашуваат до денес е поминато долго време, пренесува Мкд.мк.

Чавков се оградуваше од прашањата на СЈО упатувајќи го обвинителот на СЈО на адреса на јавниот обвинител кој во тој период ја водел постапката.

„ Како началник за организиран криминал наметнав практика, секое дејство што го презема одделот, секоја информација и за секое развивање на информацијата за одредено кривично дело, да се приклучи претставник од Обвинителството за организиран криминал. Не се сеќавам дали сум учествувал во апсењето на Бошкоски, ама тврдам дека во секој случај документирано е сè. Се сеќавам дека имаше посебни истражни мерки за Љубе, ама релацијата беше истражен тим – јавен обвинител кој раководеше со истрагата. Немав ниту намера, ниту овластување да се мешам”, одговори Чавков.

На прашање на обвинителот Лапе, кој го снимал апсењето на Бошкоски, дали БЈБ или УБК, Чавков одговори дека не може да се сети.

„Не можам да се сетам, одамна беше. За овие детали може да знае обвинителот, документирање имаше за се, а во неколку наврати се работеше и за незаконско финансирање, а не знам дали БЈБ или УБК го прави тоа документирање. Понекогаш има и координација, но не можам да се сетам на тие детали. Не знам кој го снимал ова апсење, бидејќи во тој период имаше многу случаи на организиран криминал”, одговори Чавков во својство на сведок.

Поранешниот шеф на БЈБ, Чавков беше прашан и дали тој издал наредба да се уапси Бошкоски, на што одговори дека не се сеќавал.

Прашање доби и дали ми се јавил на Ивица Анчевски-Пуки за да го лиши од слобода Бошкоски, но повторно рече дека не се сеќава и дополни дека организациски не е поврзан со него.

„Не можам да се сетам на такви детали, но тој период се поклопува со периодот за кој имам лекарска документација за интервенција во Систина. Ме прашувате за детали од пред 9 години”, одговори Чавков.

Чавков денес беше спроведен до судот од Истражниот затвор во Шутка каде ја чека правосилноста на пресудата за 27 април за што беше првостепено осуден на затвор од 18 години.