Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Армин Капаул е швајцарски фармер кој успеа да издејствува кај швајцарските власти да распишат и да организираат референдум на кој Швајцарците треба да се изјаснат утре, а е поврзан со правата на кравите и забраната за сечење на нивните рогови.
Сточарот Армин Капаул успеа да издејствува национален референдум против сечењето на роговите на кравите , откако сам ја почна кампањата без пари или политичка поддршка.
Армин стана медиумска ѕвезда кога успеа да ги убеди Швајцарците во важноста на ваквото референдумско прашање. ,,Кравите се битни , а не јас.” , вели Армин , кој живее со своите крави во селото Перефите во срцето на планиснкиот масив Јура.
„Мораше нешто да се направи. Кога здруженијата за заштита на животните не можеа , тогаш решив да пробам да ги спречам сечењето на роговите на кравите.”
По иницијатива на сточарот в недела Швајцарците ќе излезат на рефњерендум со кој треба да се изјаснат да не им се сечат роговите на кравите , кои се сметаат за национално животно.
Иако во земјата се чести референдумските изјаснувања , до сега ги иницирале политичари или големи здруженија , кои успевале да соберат 100 000 потписи за да се распише референдум.
Тој уште во 2010 побарал од Министерството за земјоделство да го разгледа неговото барање против сечењето рогови на кравите, но официјалните ресорни бирократи само му се изнасмеале на тоа. Потоа почнал да им пишува на пратениците во Горниот и во Долниот дом на парламентот, но и тоа поминало без одговор.
Затоа , последните 18 месеци сам иницирал иницијатива за собирање потписи и собрал вкупно 119.626 потписи за распишување на референдум поврзан со прашањето за забрана за сечење на роговите од кравите. На крај добил поддршка и од организациите за заштита на животните и животната средина.
Негoвите противници, пак, сметаат дека сечењето на роговите има економска оправданост , зашто на помал простор може да се чуваат повеќе крави без опасност од повреди.