Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот руски шпион Сергеј Скрипал, кој беше цел на труење со нервен агенс „новичок“, веќе не е во критична здравствена состојба, велат лекарите за ВВС.
Персоналот во болницата во Солзбери рече дека Скрипал добро реагира на третманот и „брзо заздравува“.
Сергеј Скрипал (66) и неговата ќерка Јулија (33) се во болница повеќе од еден месец откако беа најдени во несвест на клупа во Солзбери. Тие беа отруени со токсичен нервен агенс наречен „новичок“.
Владата на Велика Британија тврди дека Русија стои зад нападот, но Москва негира каква било вмешаност, нарекувајќи ги обвинувањата „ужасни и неосновани“.
Д-р Кристин Бланшард, медицинска директорка во окружната болница Солзбери, рече: „Минатиот четврток информирав дека состојбата на Јулија Скрипал се подобри и стана стабилна. Како што вели самата Јулија, нејзината сила расте секојдневно и таа едвај го чека денот кога ќе биде доволно добро за да ја напушти болницата. Секоја шпекулација за тоа кога ќе биде тој датум е токму тоа – шпекулација. Во меѓувреме, Јулија побара приватност додека продолжува да заздравува – нешто што јас ги повикувам медиумите да го почитуваат“.
„Исто така, сакам да ве информирам за состојбата на нејзиниот татко Сергеј Скрипал. Тој добро реагира на третманот, брзо заздравува и веќе не е во критична состојба“, рече Бланшард.