Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нормално, не станува збор за никакво криминално дело, туку за нов криминалистички трилер во кој режисерско-актерските сили повторно ги здружуваат Мартин Скорсезе и Леонардо ДиКаприо.
Скорсезе го завршува својот последен филм, The Irishman, а за напролет следната 2018 година спрема нов проект со Леонардо ДиКаприо. Станува збор за филмот Killers Of The Flower Moon: The Osage Murders And The Birth Of The FBI, криминалистички трилер базиран на бестселерот на Дејвит Грaн.
Дејството на филмот е сместено во 1920-те години од минатиот век и прикажува серија убиства на припадници на индијанскиот народ Осаге во Оклахома, откако на нивната земја беше откриена нафта. Тоа била една од првите истраги на ФБИ.
„Животот на Индијанците кои живееле во тоа време треба да биде реконструиран и се надеваме дека ќе почнеме да работиме на филмот во септември, штом Скорсезе заврши со The Irishman, изјави Данте Ферети, кој работеше заедно со Скорсезе на девет негови филма.
Ова ќе биде седми филм во кој славниот режисер ќе го ангажира својот најдраг актер за главна улога, а досега заедно работеа на филмовите Gangs Of New York, The Departed, The Aviator, The Wolf Of Wall Street, Shutter Island и The Audition.