Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пензионер од Белгија вели дека добива мистериозни пици што никогаш не ги нарачал – скоро десет години. И покрај тоа што на почетокот можело да изгледа како тривијална шега, жртвата вели дека со години примил толку многу пици што се тресе секој пат кога ќе слушне скутер на улица.
Жан Ван Ландегем, 65-годишен жител на Турнхут, вели дека доставувачите оставаат пица пред неговата врата во кое било време од денот или ноќта, јавува Индипендент. Ова, наводно, трае веќе скоро една деценија и Ландегем вели дека нема поим зошто.
Отпрвин мислел дека станува збор за некаква забуна, но храната постојано доаѓала, понекогаш и неколку пати на ден. Иако претежно прима пици, при доставата понекогаш се вклучени и други видови брза храна.
Ландегем вели дека еднаш во ист ден, на неговата адреса дошле 10 различни доставувачи. Една од тие испораки била 14 пици. Тој не платил ништо, но храната редовно се враќа во рестораните.
„Не можам повеќе да спијам. Почнувам да се тресам секогаш кога ќе слушам скутер на улица“, изјави тој за локалните вести. „Се плашам дека некој повторно ќе достави топла пица“.
Еден од неговите пријатели, кој живее на околу 20 километри, исто така добивал слични испораки. Ова довело до тоа полицијата да верува дека виновникот е некој што го знаат и двајцата, но остатокот од случајот засега останува мистерија.