Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кан Куанченг, директорот на здравствената комисија за централната покраина Хенан, трета по населеност во Кина, го соопшти овој податок.
Куанченгу на прес-конференцијата рече дека од 6 јануари стапката на зараза во покраината Хенан е 89 проценти. Во Хенан живеат 99.4 милиони луѓе, што значи дека околу 88.5 милиони сега најверојатно ќе бидат заразени, пренесува Би-би-си.
Податоците од покраината Хенан се во спротивност со податоците за коронавирусот објавени од владата во Пекинг.
Според податоците од Пекинг, од укинувањето на политиката за нулта ковид во Кина во декември минатата година, заразени се само 120.000 луѓе, додека 30 лица починале.
На 8 јануари, Кина ги олесни ограничувањата за домашно и меѓународно патување дури и кога бранот нови инфекции се прошири низ целата земја.
На 4 јануари, владините претставници на ЕУ издадоа препорака до земјите-членки дека патниците кои летаат од Кина за ЕУ треба да имаат негативен тест за коронавирусот пред да се качат во авионот.