Скоро 8 милиони бегалци пребегале од Украина во земјите од ЕУ од почетокот на војната таму


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скоро осум милиони бегалци од Украина пристигнале во европските земји откако земјата влезе во воен конфликт со Русија во февруари минатата година, објави денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Во соопштението се наведува дека во текот на претходната недела тој број се зголемил за 10.571, пренесува Тасс.

УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 до 17 јануари 2023 година, најмногу луѓе засолниште побарале во Русија, односно 2.852.395, потоа е Полска со 1.563.386 лица и Германија со 1.021.667 луѓе.

Точниот број на луѓето што ја напуштиле Украина од почетокот на војната, според УНХЦР, е 7.977.980.

Тасс наведува дека во Чешка пристигнале 482.049 лица, во Италија 167.925, во Шпанија 161.012, а во Велика Британија 155.500 лица.