Скоро 30% од Европјаните не можеле да си дозволат годишен одмор, еве колку македонски граѓани не можеле да уживаат во тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Околу 29 отсто од жителите на земјите членки на Европската Унија, на возраст над 16 години, не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година. Ова го покажуваат статистичките податоци на „Евростат“.

Кај нас во 2018 година, последната за која има податоци на „Евростат“ – 57,5 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 проценти во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор. Меѓу земјите членки на ЕУ, на врвот е Романија во која 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор лани, а по нив следат жителите на Грција – 49 отсто, на Хрватска – 48 отсто, на Кипар – 45 отсто и на Италија – 44 отсто.

Затоа еднонеделен годишен одмор не е, речиси, никаков проблем за жителите на Шведска меѓу кои само 10 отсто не можеле да си го дозволат, за жителите на Данска и на Луксембург – 11 отсто, за жителите на Финска – 12 отсто и за жителите на Германија и на Австрија – по 13 отсто.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дом секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и на Грција, каде е регистрирано зголемување од 4, односно 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти и во Бугарија и во Полска по 27 проценти.