Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За една недела регистрирани се речиси 10 илјади заболени од грип, што е за двојно повеќе од минатата недела.
Според податоците од Институтот за јавно здравје ова е двојно повеќе од истиот период лани. Најмногу новозаболени има во Скопје, Струмица, Велес и Кавадарци.
Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Козле се преполни со хоспитализирани пациенти. Лекарите велат дека вирусите оваа сезона предизвикуваат компликации, најчесто бронхопневмонии. Тие се надеваат дека најавените ниски температури и снегот ќе го намалат ширењето на грипот, а со тоа и бројот на заболени од грип.
Бројката не е симната под 70 до 80 примени деца само во ноќна смена, а само во една смена на 2 јануари примивме 120 пациенти, вели директорката на Детска клиника др Аспазија Софијанова.
Во Хрватска е прогласена епидемија и има починати од компликации, а Србија го продолжи распустот на учениците поради зголемениот број болни.