Скопско семејство живее под мост во Аеродром – мајката е со мозочен удар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во близина на приватниот универзитет ФОН, под мост во скопската населба Аеродром, тричлено семејство живее во ужасни услови на отворено, откако останале без нивниот дом.

Ги чува и издржува синот кој собира пластични шишиња за да им обезбеди на родителите основни средства за хигиена и парче леб. Мајката неодамна има преживеано мозочен удар и не зборува односно е нема, па таткото се грижи за неа додека синот собира шишиња и макотрпно работи да донесе лебб. Барале помош од сите установи но не ја добиле од ниту една, пренесува Булевар.

Добрамерници кои поминале од оваа локација апелираат до луѓето кои маат можност било како да му помогнат на ова семејство. Секој што сака да помогне со храна средства за хигиена, облека а особено зимска во пресрет на студот и снегот , секако и привремено живеалиште може да дојде кај луѓето дирекно. Никого нема да избркаат или да не го пречекаат.