Home Актуелно Скопскиот сообраќај три часа е „на колена“ – семафорите не работат, автомобили во редици стојат во место по еден час

Скопскиот сообраќај три часа е „на колена“ – семафорите не работат, автомобили во редици стојат во место по еден час

Скопскиот сообраќај е парализиран. Три часа главниот град е целосно блокиран, семафорите на крстосниците се исклучени, па колите стојат во место. Низ центарот на градот буквално не може да се помине и секаде има колони возила. Крстосниците се заглавени, возилата стојат во едно место по еден час.

Од ЈП „Улици и патишта“, кое е надлежно за работата и одржувањето на крстосниците, велат дека Министерството за внатрешни работи (МВР) пред три часа без никаква најава ги исклучило семафорите и не знаат за што станува збор ниту пак кога пак ќе проработат.

„Знаеме дека цело Скопје е вистински хаос. Не е блокиран само центарот туку гужба има од Карпош до Драчево. Колите не мрдаат, не можат да се пропуштат ниту возила на Брза помош, па со пациенти стојат заглавени во гужвата“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Од МВР велат дека семафорите се исклучени и на секоја крстосница има полиција за да се воведе поголема проточност на возилата во сообраќајот. Од таму велат дека гужви низ центарот на Скопје има постојано во шпицевите, а денеска поради дождот има поголем број возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…