Скопски „Кец“ го одобри обвинението: Мијалков ќе седне на обвинителна клупа за „Трезор“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, заедно со Горан Грујевски, поранешниот началник на Петтата управа, Тони Јакимовски, поранешен шеф во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ, екс помошник министер во МВР, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа и за случајот „Трезор“, пренесува Нова ТВ.

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението за овој случај, во кој обвинетите се товарат дека проневериле државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

Што е случајот Трезор

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и бившиот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ се осомничените во случајот Трезор, дознава НОВА од судски извори.

Првите тројца осомничени, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, осомничените функционери ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Според приложеното од Специјалното јавно обвинителство, „Финзи“, откако ја презела набавката во свои раце во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. Легитимните дилеми кои ги отвори СЈО во истрагата се како „Финзи“, која во тоа време немала ниту еден вработен, а ниту пари за да ја набави опремата, била одбрана за партнер во МВР, но и зошто воопшто имало потреба од посредник во зделката. Не е јасно ниту каде завршиле парите со коишто е директно оштетен буџетот, а кои легнале на нивната сметка.