Скопската полиција во акција против моторџиите кои учествуваат во диви трки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа скопската полиција спровела акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Како што информираат од МВР, од страна на полицајците привремно биле задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправност и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.